Утрински Весник
Магазин

Вил Смит за оскаровската шлаканица: Тоа беше потиснат бес

Вил Смит за оскаровската шлаканица: Тоа беше потиснат бес
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вил Смит изјави дека неговиот потиснат бес го навел да му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на сцената на доделувањето на „Оскарите“ во март.

dobivaj vesti na viber

Актерот јавно проговори во интервју првпат по инцидентот, кој го опиша како „ужасна ноќ“.

Гостувајќи во „Дејли шоу со Тревор Ноа“ во понеделникот, Смит рече: „Поминував низ нешто таа ноќ“.

„Не дека тоа воопшто го оправдува моето однесување. Има многу нијанси и сложености“, рече тој и додаде: „Едноставно – се изгубив“.

Смит упадна на сцената на доделувањето на најпрестижните награди во Холивуд откога Рок се пошегува на сметка на избричената глава на сопругата на Смит.

Тој претходно изјави дека неговата сопруга не барала од него да се соочи со комичарот.

„Она што би можел да кажам е дека, едноставно, никогаш не знаете низ што поминува некој“, рече тој, без да образложи на што мислеше.

Интервјуто во ТВ-емисијата на Тревор Ноа е првпат Смит јавно да е оспоруван за нападот.

„Разбирам колку тоа беше шокантно за луѓето, едноставно забегав. Тоа беше бес што бил потиснат долго време“.

„Тоа беше ужасна ноќ, како што можете да замислите“.

Можете да прочитате

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”

Четири хороскопски знаци што најчесто ги нервираат другите