Утрински Весник
Македонија

Викендов повторно ќе имаме локална нестабилност, но и услови за невреме

Meteoalarm.mk 49.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денеска во Македонија ќе имаме постабилно и релативно суво време, иако во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За време на овој викенд времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено утре Сабота 6 Јуни 2026.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Да напоменам дека утре во попладневните часови локално ќе има услови атмосферските процеси да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15  и 6 степени, а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 31 степен

Можете да прочитате

(Видео) Огромни колони пред патарините меѓу Тетово и Гостивар

Владата зела позајмица од седум милиони евра од М-Нав за да му ги префрли на ЈПДП

Малолетничка натепана од мајката и очувот