Утрински Весник
Магазин

Викенд посветен на кучињата згрижени во „Лајка“

Image 2025 10 24 104554659.png

Оваа година Diamond Mall својот роденден го претвора во роденден на хуманоста. Од 24 до 26 октомври, во соработка со ЈП ЛАЈКА – Скопје, трговскиот центар ќе биде дом на една посебна приказна – приказна за љубов, добрина и нови почетоци за бездомните кучиња што чекаат шанса за подобар живот.

Роденденот е повеќе од прослава – тоа е повик до сите да помогнат, да донираат или да подарат љубов на оние што немаат свој дом. Настан кој ги спојува семејствата, децата и љубителите на животни, потсетувајќи дека грижата за миленик е одговорност, а не тренд.


Во текот на целата роденденска недела, посетителите ќе можат да ја посетат донаторската зона и „Ѕвездите на Лајка“ – простор посветен на кучињата кои моментално се згрижени во Лајка и со нетрпение очекуваат да бидат вдомени. Секој гостин ќе има можност да ги запознае, да дознае нешто повеќе за нивните приказни и – можеби – да си замине дома со нов верен пријател.

Од 24 до 26 октомври ќе се одржи саем за миленичиња, со присуство на најдобрите брендови, ветеринари и едукатори кои ќе споделат совети за одговорно сопствеништво и грижа за миленик. На 25 октомври, посетителите ќе можат да бидат дел од големата парада на хуманоста, во друштво на Биби, Боби и жирафата Жижи – со многу насмевки, музика и позитивна енергија. А на 26 октомври, роденденската прослава ќе кулминира со голем концерт и настапи на Викторија Лоба, Лозано, Тамара Тодевска и специјалниот гостин Драган Мијалковски.

Можете да прочитате

Лојалноста се наградува: Газда на познат скопски фаст фуд ланец му подари автомобил на својот вработен

Научниците открија зошто птиците пеат толку гласно в зори

Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје