Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Следува многу постабилна Атмосфера, особено утре, но и потопло време преку ден со пораст на температурите

Download 15.jpg

За време на овој викенд во Македонија ќе имаме значително постабилна Атмосфера, односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Сепак во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро ќе биде значително посвежо со минимални температури кој на многу места ќе се спуштаат  и под 10 степени, понекаде дури и под 5 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бидат во пораст, и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Во Скопје  и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува до околу 24-25 степени.

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина