Утрински Весник
Спорт

Пелистер поведе против Работнички и е на чекор до ново финале во мак-баскетот

Pelister Rabotnicki 696x455 1.jpg

Пелистер во полуфуналната серија кој прв до три победи, од разигрувањето за титулата во мак-баскетот го победи Работнички (85:79) во Битола и поведе со 2:1. Битолчани се на чекор од нов настап во финалето, доколку во четвртиот меч пред своите гледачи ја искористат предноста на домашниот терен. Работнички добро го почна мечот и поведе со 9:2 и во првата четвртина го контролираше резултатот. На почетокот на втората четвртина, Работнички поведе со највисоки 29:21, што беше знак кошаркарите на Пелистер да се „разбудат“. Со серија од 13:1, битолчани поведоа со 34:30, што беше и нивно најголемо водство во првото полувреме. Во продолжение од мечот беше јасно дека ќе биде неизвесно. Во третата четвртина екипите се менуваа во водство, а Работнички поведе со 64:59, па потоа Пелистер го имаше најдобриот период, и тоа на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина. Битолчани со низа од 12:0 стигнаа до 71:64. Работнички не се предаде и во последната минута се влезе со резултат 81:79 за Пелистер. Гостите од Скопје имаа напад за израмнување, но Рикиќ ја загуби топката под кошот. Потоа Костовски беше фаулиран на 22 секунди до крајот, кога погоди две слободни фрлања.Следуваше нова загубена топка на Работнички и победникот беше познат. Следниот меч во Битола ќе се игра во вторник или среда. Доколку Работнички успеа да возврати следува мајсторка во Скопје.

Можете да прочитате

Луда прослава на првиот европски трофеј на Олимпијакос

Олимпијакос ја освои Лигата на конференции, прв европски трофеј за грчкиот тим

Македонија СП ќе го почне во Вараждин против Унгарија, Гвинеја и Холандија