Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Малку повеќе облачност, а ќе дува и силен ветер

Screenshot 20251010 103126 gallery.jpg

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во нашата Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Повеќе сонце и многу послаб ветер ќе имаме во недела (12 октомври).


И во Скопје и околината особено утре (сабота 11 октомври) повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден а во недела на 12 октомври максималните дневни температури во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени утре а во недела на 12 октомври максималната температура во Скопје и околината ќе се искачи до околу 21 степен.

Можете да прочитате

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

ДОМ: Законот за тројно и петкратно оданочување на празните станови веќе постои, но Владата и општините одбиваат да го применат

Левица: Јаневска и ДПМНЕ ги ограбија студентите 400 милиони денари, а сега им порачуваат дека за права кои според закон им следуваат ќе мора да се судат