Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Длабок циклон со центар над Џенова ни носи силен јужен ветер и дожд!

Gfs 0 54 660x330 1.png

Метео анализа на Славчо Поповски

За време на овој викенд и тоа под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џенова, кај нас следува голема промена на времето.

Најпрвин ќе дува засилен, до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).  Во недела, како и во почетокот од следната седмица ќе има врнежи од дожд и истите локално ќе бидат обилни (локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог).

Во Скопје  и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во недела, како и во почетокот на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд.

НАПОМЕНА: Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така  и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервлот од 12 до 17 степени.

Поради големата промена на времето која не очекува, Биометеоролошките услови ќе бидат многу неповолни, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна