Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски: Вие кои живеете под руска окупација, спасете ги животите

(Видео) Зеленски: Вие кои живеете под руска окупација, спасете ги животите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика светот да ги осуди псевдореферендумите организирани од Русија кои во моментов се одржуваат на четирите територии.

dobivaj vesti na viber

Во своето секојдневно обраќање до нацијата, Зеленски рече дека е убеден дека „светот ќе реагира правилно на псевдореферендумите“ и дека тие ќе бидат „јасно осудени“.

„Оние кои се насилно мобилизирани во руската армија треба да ја саботираат секоја активност на непријателот, да и дадат на Украина важни информации за базите на окупаторот, штабовите, складиштата за муниција и да се обидат да стигнат до слободната територија на Украина во секоја прилика“ – рече Зеленски.

Зеленски им порача на луѓето кои живеат под руска окупација: „Спасете ги вашите животи, помогнете ни да ги ослабиме и уништиме руските окупатори“.

Во провинциите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје од 23 до 27 септември се одржуваат референдуми со цел тие делови на Украина да се припојат кон Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин направи слично нешто во 2014 година кога го анектираше Крим, а потоа спроведе нелегитимно гласање кое беше осудено од меѓународната заедница.

 

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император