Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Во САД е толку жешко што чувари на паркови печеа колачиња во паркиран автомобил

(Видео) Во САД е толку жешко што чувари на паркови печеа колачиња во паркиран автомобил
Img 7972

За да покажат дека недамнешната жештина во националниот парк Сион во јужна Јута не е шега, вработените во паркот решија да испечат колачиња оставајќи го тестото во паркиран автомобил – и успеа.

dobivaj vesti na viber

„Вашиот автомобил може да биде како рерна – буквално. Затоа решивме да испечеме колачиња!“, напиша „Парк службата“  во објава на Инстаграм, која вклучуваше видео од со колачиња со чоколадни коцки поставени на контролната табла на автомобилот.

За подготовка на колачињата биле потребни околу три часа, а ренџерите забележале дека излегле малку крцкави. Температурите во Сион во последните недели постојано се над 38 степени Целзиусови, што значи дека во возилата може да достигнат и повеќе од двојно, се наведува во соопштението.

Пред да се испечат колачињата, во автомобилот бил поставен термометар. Уредот се стопил.

Животните и децата никогаш не треба да се оставаат сами во автомобил, се вели во објавата.

Веб-страницата на паркот, исто така, ги советува посетителите да внимаваат на знаци на топлотна исцрпеност и топлотен удар кога го посетуваат паркот во текот на топлите месеци.

„Исто така, предлагаме да ја носите храна со вас наместо да ја оставите да се стопи (или да се пече)“, се вели во објавата.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј