Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во рекорден рок почна уништувањето на тротинетите – викендов светеа по улиците низ цел град, денес се бројат дефекти

(Видео) Во рекорден рок почна уништувањето на тротинетите – викендов светеа по улиците низ цел град, денес се бројат дефекти
Dik 300x250 mk

Скопјани пред неколку дена на располагање добија 500 електрични тротинети паркирани на повеќе локации низ Скопје, но неколку од нив веќе биле оштетени од несовесни граѓани.

dobivaj vesti na viber

Од петокот почнаа да се возат, а во рекорден рок се уништени. Викендов ги имаше насекаде оставени по тротоари и раскрсници, а денес корисниците на социјалните мрежи споделуваат веќе дефекти.

 

На повеќе локации низ градот може да се забележат тротинети оставени токму пред пешачките премини, каде што им пречат на минувачите, а некои од нив се и оштетени.

 

 

За да се користи електричен тротинет граѓаните треба да симнат апликацијата, за која бар код има на пунктовите и на неа има повеќе начини на плаќање. Има и промотивни пакети со кои изнајмувањето е поевтино.

Изнајмувањето на електрични тротинети не е проект на Град Скопје туку на приватна фирма. Градот нема никакви приходи од рентањето на тротинетите, единствено ЈП „Градски паркинг“ ѝ наплаќа на фирмата „Бин Бин“ за користење на простор на паркинзите каде се поставени пунктовите на тротинетите.

 

Можете да прочитате

По 20 години на политичката сцена Ахмети размислува за повлекување?

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари