Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за референдум до Собранието

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за референдум до Собранието
Dik 300x250 mk

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, официјално ја поднесе иницијативата за референдум до Собранието.

dobivaj vesti na viber

„Можам да информирам дека се собрани некаде околу повеќе од 650 потписи за не повеќе од половина час и како што најавивме денеска ќе ја доставиме Иницијативата до Собранието. Се надевам дека претседателот на Собранието нема да користи некои негови познати методи и дека уредноста на Иницијативата ќе биде утврдена и истата ќе си почне со процедура во Собрание онака како што налага и Деловникот за работа но како што налага и Законот за референдум и други видови на граѓанско изјаснување“, рече Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ претходно неделава во Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата за референдум за укинување на договорот за добрососедство со Бугарија. Побара со референдумот, на еден трошок, да се организираат и предвремени избори.

За да се распише задолжителен референдум, потребно е да се соберат 150.000 потписи. За референдумот да биде успешен, треба да излезат и да гласаат над 910.000 граѓани.

Можете да прочитате

Вработени на Онкологија сведочеа како се набавувала и давала терапијата во времето на Васев и Нухи

Мециновиќ: Дојде времето на одлука и конечен удар

Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите