Утрински Весник
Свет

(Видео) Украински чамци-дронови го нападнаа најголемиот руски разузнавачки брод во Црното Море

(Видео) Украински чамци-дронови го нападнаа најголемиот руски разузнавачки брод во Црното Море

Рускиот разузнавачко-разузнавачки брод „Иван Хурс“ бил нападнат од чамци без екипаж, („т.н. морски дронови“) во водите на Црното Море, на околу 140 километри по минувањето низ теснецот Босфор кај Истанбул.

dobivaj vesti na viber

Министерството за одбрана на Руската Федерација го потврди нападот.

– Вооружените сили на Украина околу 5.30 часот неуспешно се обидоа да го нападнат бродот на Црноморската флота „Иван Хурс“, кој ги извршува задачите за обезбедување на гасоводот „Турски тек“ и на гасоводот „Син тек“, кои се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Република Турција – се вели во соопштението на руското Министерство.

Русите објавија и наводна снимка од уништувањето на чамците, за кои се тврди дека се обиделе, но не успеале да извршат напад врз бродот.

Од Министерството за одбрана додаваат дека бродот продолжува со своите задачи.

 

Можете да прочитате

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година

Најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб во Банкгок