Утрински Весник
Спорт

(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ, Денвер има предност во големото финале

(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ, Денвер има предност во големото финале
Ss2

Денвер Нагетс со победа ја отвори финалната серија во НБА лигата. Денвер го победи Мајами со 104:93 и го направи првиот чекор кон својата прва, историска титула, за која им се потребни уште три победи. Денвер ја продолжи серијата без пораз на домашен терен и во деветтиот натпревар сезонава, а Мајами за првпат е во негатива во овогодинешниот плејоф.

dobivaj vesti na viber

Никола Јокиќ го оствари својот деветти трипл-дабл од овогодинешниот плеј-оф, тој стана првиот играч со ваков учинок на своето деби во големото финале по Џејсон Кид во 2002 година.

Ss1

Мечот го заврши со 27 поени (8/12 шут, 10/12 слободни фрлања), 10 скока и 14 асистенции, додека Џамал Мареј постигна 26 со шест скока и 10 асистенции.

Нагетс имаа +17 на полувремето, 59:42.

Третата четвртина Денвер ја отвори нешто послабо, но брзо успеа да се врати во игра од првото полувреме, па предноста растеше до +24 (84:60).

Сепак, Нагетс дозволија опуштање во последната четвртина, значително повеќе отколку на почетокот на третата четвртина. Овојпат Мајами направи сериозна серија 11:0 и ја стопи негативата (84:74).

За среќа, Нагетс ги предводи најдобриот кошаркар во светот, во последните минути Јокиќ погоди неколку удари и Денвер го одби налетот.

Кај Мајами се истакна Бем Адебајо со 26 поени и 13 скока, а потфрли Џими Батлер со 13 поени и по седум скока и асистенции.

Вториот натпревар од финалето ќе се игра ноќта меѓу недела и понеделник во 02.00 часот.

Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина