Утрински Весник
Свет

(Видео) Три женски тела пронајдени закопани во двор од куќа во Истанбул

(Видео) Три женски тела пронајдени закопани во двор од куќа во Истанбул

Турската полиција пронајде тела на три жени во куќа, каде работеле како дилери на дрога, пишуваат турските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, во местото Сариер во Истанбул, во градината на куќата која припадниците на турската полиција наводно ја ископувале три дена во потрага по телото на Р.М, полицијата пронашла тела на три жени осомничени за продажба на дрога.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа како полицијата копа во дворот.

Засега не е познат идентитетот на жените, а Ж. Б. е приведен во Истанбул под сомнение дека го убил Р.М.(33) и го закопал во дворот од неговата вила во турскиот град.

Полицијата тогаш објасни дека е утврдено дека Ж. Б, за кој велат дека е член на организирана криминална организација, дошол во Турција со лажен македонски пасош издаден на име Јордан Анделев Белчев и дека престојувал во нивната провинција.

„Како резултат на истрагата, споменатото лице е уапсено во акција спроведена во областа Саријер на 04.11.2022 година. При претресот на куќата во која престојувал биле пронајдени и запленети лажна лична карта, пасош и дигитален материјал. За време ископувањето во дворот, по дојава дека телото на едно лице е закопано во градината на куќата, не се пронајдени траги. Против оние кои ја доведуваат јавноста во заблуда по ова прашање ќе бидат преземени неопходни правни дејствија. Полициската управа во Истанбул решително ќе ја продолжи борбата против сите кривични дела и криминалци со цел да го заштитиме мирот и благосостојбата на нашиот град, како што тоа го правеше досега“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Столтенберг: Русија да дозволи инспекција на нуклеарни постројки

Германија одобри испраќање постари тенкови во Украина

Вучиќ: Србија не сака да влезе во НАТО, но љубоморно ја чува својата воена неутралност