Утрински Весник
Магазин

(Видео) Трејлер за „Убијци на цветната месечина“

(Видео) Трејлер за „Убијци на цветната месечина“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Трејлерот за „Убијци на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) ги обединува Мартин Скорсезе, Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро во епска вестерн крими-драма.

dobivaj vesti na viber

Славниот режисер повторно се здружи со своите долгогодишни музи Ди Каприо и Де Ниро во првиот трејлер за новиот филм на „Епл“ – вестерн еп базиран на бестселер публицистичка книга на Дејвид Грен „Убијци на цветната месечина: Убиствата во Осејџ и раѓањето на ФБИ“ од 2017 година.

Филмот следи низа убиства во Оклахома во 20-тите години на минатиот век. Племето Осејџ станало најбогато откако на нивна територија била пронајдена нафта.

Многумина се обиделе да заработат пари, што довело до серија убиства кои „Гардијан“ ги нарече геноцид врз Индијанците. Убиствата се сметаат за прв голем случај што го истражувал новоформираниот ФБИ.

Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал, каде што доби деветминутни овации.

Според „Вараети“, Скорсезе инсистирал луѓето од Осејџ да ги глумат Индијанци за да се прикаже вистинската приказна што е можно поверно.

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk