Утрински Весник
Свет

(Видео) Трае потрагата по исчезнати лица во свлечиштето во Италија, има повредени и загинати

(Видео) Трае потрагата по исчезнати лица во свлечиштето во Италија, има повредени и загинати
Ss2

На италијанскиот остров Искија се уште се трага по десетина исчезнати лица во лизгање на земјиштето во кое загина едно лице и за кое владата ќе се состане во текот на денот.

dobivaj vesti na viber

Свлечиште од кал и остатоци предизвикани од обилните дождови го погоди малото гратче Казамичиола Терме на северот од островот во близина на Неапол во саботата наутро.

300x250 (7)

Спасувачките екипи пронајдоа тело на жена, соопшти префектот на Неапол, Клаудио Паломба. Жената е идентификувана, имала 31 година, соопшти агенцијата АГИ. Според италијанскиот печат, во одронот се повредени тринаесет лица.

Некои луѓе кои првично беа пријавени како исчезнати на крајот беа пронајдени, вклучително и семејство со новороденче, рече префектот. НО ништо не се знаеше за десетина лица.

Се плашиме дека има повеќе жртви, но засега бројката е таква“, потврдил портпаролот на противпожарната служба Лука Цари.

Потрагата ја отежнува постојаниот дожд и силниот ветер, што го одложи траектот кој донесе помош од копното.

Поради лизгање на земјиштето, калта ги прекри улиците, урна дрвја, носејќи автомобили сè до морето. Се урна и една куќа, а две лица се спасени од автомобил кој бил исфрлен кон морето, соопштија пожарникарите.

Најмалку триесетина семејства не можат да ги напуштат домовите поради калта, каде што останаа без вода и струја, потврди новинската агенција АНСА, наведувајќи дека патот што води до таа населба е преплавен со кал и шут.

Спасувачките служби предвидоа евакуација на меѓу 150 и 200 луѓе во текот на ноќта од сабота до недела, а локалните власти ги повикаа жителите на островот да останат дома.

„Спасувачките операции се уште се комплицирани поради метеоролошките услови“, соопштија од Одделот за цивилна заштита, но потрагата продолжила во текот на ноќта благодарение на рефлекторите.

Премиерката Џорџија Мелони, која во твит напиша дека ја следи операцијата за потрага по исчезнатите, во недела треба да одржи вонредна владина седница посветена на кризата.

Казамичиола Терме, туристички град со 8.000 жители на островот Искија, во близина на Капри, беше погоден од земјотрес во 2017 година во кој загинаа две лица, а разорен земјотрес исто така го погоди градот на крајот на 19 век.

Катастрофата во саботата дојде неколку недели откако 11 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во централна и источна Италија.

Ss1

Можете да прочитате

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа