Утрински Весник
Економија

(Видео) Тасевска: Инвестираме во инфраструктурата, 70 милиони евра за поврзување на локални патишта

(Видео) Тасевска: Инвестираме во инфраструктурата, 70 милиони евра за поврзување на локални патишта
300x250 (7)

Проектот на Владата предводена од СДСМ, за поврзување на локални патишта во општините со вкупна вредност од 70 милиони евра, опфаќа реализација на проекти во локалната патна мрежа во општините и градот Скопје во вкупна должина од 450 километри локални улици. Преку овој проект, со поддршка на Светска банка, досега се инвестирани 23 милиони евра за изградба и реконструкција на 93 локални улици во 44 општини и Град Скопје, изјави на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека инвестициите во патната инфраструктура го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани, а особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општините и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата. Меѓутоа, овој проект беше блокиран поради лицемерието и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

300x250 (7)

Тасевска истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието цела година го блокираа Законот за заем од Светска банка за поврзување на локалните патишта. Но по локалните избори и по преземањето на голем број општини од ВМРО-ДПМНЕ истите пратеници притискаа тој да се донесе што побрзо.

На ВМРО-ДПМНЕ и на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски им се важни само личните, а не интересите на граѓаните. Тоа јавно го покажаа со нивните меѓусебни кавги во Град Скопје за тендери, провизии и бизнис-влијанија. Граѓаните знаат кој работи за нивните интереси, а кој блокира и опструира сè што е добро за државата и за граѓаните, изјави Тасевска.

Ss1

Можете да прочитате

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница