Утрински Весник
Македонија

(Видео) Сведокот од „27 април“, Нинџа – вози камионче, екссудијата излегува на фирма-директорот на затворот во Шутка без магичен клуч

(Видео) Сведокот од „27 април“, Нинџа – вози камионче, екссудијата излегува на фирма-директорот на затворот во Шутка без магичен клуч

Како се третирани ексфункционерите во затворот во Шуто Оризари и дали имаме услови за европски третман на експремиерот Никола Груевски доколку го донесеме во Македонија, во интервју за „Макфакс“ одговара првиот човек на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов.

dobivaj vesti na viber

Андов отворено за тоа дали партиските врски им донесоа и привилегии на ексфункционерите Рашковски и Зеќири во затворските ќелии.
„Која привилегија можам јас да му ја дадам, и да сакам, што можам да им дадам? Не е ова Филип Андов го има клучот, па отклучи, а другите седете и мижете на страна“, одговара Андов.

Раскажува и што прават и какво е однесувањето во затворот на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, и на Александар Василевски-Нинџа, кој издржува затворска казна поради случувањата од 27 април.

За Нинџа, вели дека е работно ангажиран во затворот и дека вози камионче од капија до капија, а за Панчевски – појасни дека е примерен затвореник.

Одговара и на прашањето дали во затворот постојат услови за да го донесеме експремиерот Никола Груевски, појаснува и кој влегува во т.н. хашки ќелии.

„Да, тоа е една табу-тема. Ги немам запазено кога биле употребни. Тоа се притворски простории, а таму сега е одделението со висок ризик и внатре се припадниците од групата на Диво Насеље и таму има девет луѓе и тие простории се затворски. А ако го донесеме Груевски, тој ќе оди во затвореното одделение. Тој ќе оди зад ѕидините“, појаснува Андов.

Кои се тајните канали за влез на дрога и за телефоните во затворот, постои ли корупција меѓу вработените, за скандалот во кантината и за амнестираните од Ковид-19, во интервју за „Макфакс“ со првиот човек на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов.

Можете да прочитате

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна