Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница директно „од клупа“?

(Видео) Стоилковски: Сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница директно „од клупа“?
300x250 (7)

Продолжуваме со објавување на скандалозни непотистички вработувања и злоупотреби на позиции од клептоманите на власт, додека Македонија тоне во сиромаштија и во кризи!, истакна на дсенешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Штипската болница не е изградена, оцени тој, но тоа, како што додаде, не го спречува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од антимакедонската клептоманска СДС, токму таа болница да е местото каде на најбрз можен начин се вработува неговата сопругата.

300x250 (7)

„Бочварски да е појасно се венчава во мај, а веќе во јуни, неговата сегашна сопруга добива работа во штипската болница. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што во исто време, во ист ден, во штипската болница се ухлебени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра. За да работата биде појасна Маринела Серафимова сега Бочварска и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, како велат во Штип, веднаш од клупа по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Побара Бочварски да одговори: „Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница се директно „од клупа“ веднаш по дипломирањето и без тримесечен стаж? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипската болница без оглас распишан од болницата? Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра немале шестмесечен работен стаж во приватна установа пред да бидат вработени во штипската болница без оглас?
Дали е точно дека Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработени во штипската болница? И последно, дали и како е можно без работен стаж од шест месеци, ухлебена во јуни, сопругата на Бочварски да користи годишен одмор во август?“, праша Стоилковски.

Оценува дека Бочварски нема одговор зошто не е готов автопатот Скопје – Блаце што требаше да биде завршен, ниту автопатот Кичево – Охрид којшто исто така требаше да биде завршен, нема ниту изграден современ пат до Прилеп и Битола.

„Ништо од секторот на миленикот и протежето на Зоран Заев не е сработено и изградено, ама затоа за неговата сопруга и за нејзината сестра итно е отворена работа во штипската болница“, додава Стоилковски.

Според него, нема градба, нема капитални инвестиции, одговор од Бочварски затоа нема, бидејќи одговорот, како што кажа веројатно е едноставен, „човекот веројатно се грижи за семејните вработувања“.

„Здравството е во колапс, луѓе умираат во болничките ходници дури и на клупите пред болниците ама затоа министерските семејства мора да бидат ухлебени на буџет! Со секој изминат ден со антимакедонската клептоманска СДС Македонија тоне се подлабоко во кризи и сиромаштија, а расте единствено бројот на злоупотребите на буџетот од клептоманите! Потребни се оставки, потребно е одговорност, потребни се итни избори!“, нагласи Стоилковски.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула

Јакимовски: Власта секогаш ги опијанува ВМРО-ДПМНЕ