Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: РЕК Битола прави набавка од фирма на директор на ТЕЦ Неготино

(Видео) Стоилковски: РЕК Битола прави набавка од фирма на директор на ТЕЦ Неготино

„Нема крај на криминалите и сомнителните зделки во електро енергетскиот систем воден од СДС. Ова е договор тежок 632.000 евра со којшто РЕК Битола набавува од семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино! Тој е единствен понудувач, а според РЕК Битола, „оваа набавка е неопходна за превенција за заштита од емисии на прашина на отворено, особено при високи температури, суво и ветровито време“, така е наведено во одговорот од РЕК Битола за медиумите“ соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека „на 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДС, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште. Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)“. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски“.

„Зошто во услови на тешка криза енергетска и финансиска сега се прави набавка за суви, топли денови? Дали причината е токму присоединувањето на ТЕЦ Неготино, управувано од кадар и функционер на СДС со АД ЕСМ, односно да се фати последниот воз за набавка? Дали сега кога имало само еден понудувач не можело да се прекине постапката? Дали не било потребно да се запре постапката ако се има предвид дека единствен понудувач е семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино?“ праша Стоилковски.

Можете да прочитате

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври”