Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали и зошто борци- повратниците од Сирија и Ирак, доброволци во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата „Безбеден Град“?

(Видео) Стоилковски: Дали и зошто борци- повратниците од Сирија и Ирак, доброволци во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата „Безбеден Град“?
Ss2

Оливер Спасовски бега од одговори кога и дали е извршен претрес и дали е одземен калашников од куќниот пријател на Сашо Тасевски од Ласкарци, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„ Спасовски бега од одговор дали во МВР има регистрирано пиштол Глок 9 мм на име од листата за проверки „Безбеден град“, а сега бега од одговори и дали и зошто борци-повратниците од Сирија и Ирак, доброволците во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата „Безбеден Град“, вклучително и членови од повеќе познати криминални групи во Скопје?

300x250 (7)

Борците од ИСИС и Ал Каеда се познати по суровоста, минале низ траумите, сведочеле или можеби извршувале ѕверства, а сега не се дел од листата на МВР од лица безбедносен интерес?

Дали Спасовски и МВР веруваат дека овие луѓе не би требало да бидат дел од безбедносниот интерес во Скопје? Дали можеби криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон, се непознати за полицијата па нивни членови нема на листата „Безбеден град“?“ прашува Стоилковски.

Тој го обвини министерот Спасовски дека продолжува да бега од одговори и одговорност, но, како што рече, факт е дека Скопје и Македонија се дават во насилен криминал, факт е дека затвореници излегуваат кога сакаат, а брутални мафијашки ликвидации се случуваат на 300 метри од владата.

„ Сето тоа е резултат на фактот дека нема јасна линија на поделба на криминалци и оние што се борат против криминалот, уште повеќе, што институциите шуруваат со криминалот“ рече Стоилковски.

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа