Утрински Весник
Македонија

(Видео) Сообраќајка на Партизанска: Возач пренесен во болница, се судрија „рено“ и мопед

(Видео) Сообраќајка на Партизанска: Возач пренесен во болница, се судрија „рено“ и мопед

Вчеравечер, на мостот „Обединети нации“ на Партизанска, се судрија „рено клио“ и мопед. Двете возила биле управувани од скопјани. Мопедот по ударот, заврши во тревникот до булеварот, а возачот беше пренесен во болница. Тој потоа бил пуштен на домашно лекување. Од мопедот имаше паднати делови, кои беа на булеварот.

dobivaj vesti na viber

„Било пријавено дека во Скопје на бул. ‘Партизански Одреди’ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ‘рено клио’ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.М.(21) и мопед ‘баотиан’ со скопски регистарски ознаки управуван од З.П.(59) двајцата од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, велат од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Можете да прочитате

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ ИСТОКОТ: Штети во Куманово, Крива Паланка, Делчево, Виница и Кочани

Пороен дожд и град се закануваат на Куманово – граѓаните да бидат внимателни

Обид за палење дуќан во скопски Центар