На сити лајт пано кое се користи за видео рекламирање на улицата Његошева во центарот на Подгорица синоќа била објавена несоодветна содржина.
На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа дисплејот на кој може да се види експлицитна содржина, а во позадина е зградата на главниот град, објави порталот Дан.
Според информациите на порталот, дисплејот е издаден на организации кои се занимаваат со туризам, а се претпоставува дека се работи за хакерски напад.