Утрински Весник
Свет

(Видео) Силно невреме во Шпанија

(Видео) Силно невреме во Шпанија

Аеродромот во Валенсија во источна Шпанија денес беше затворен неколку часа поради силно невреме.

dobivaj vesti na viber

Воздушниот сообраќај беше во прекин од 11 до 15:20 часот по средноевропско време. Десет летови беа пренасочени кон други аеродроми, а 28 откажани, соопшти аеродромот во Валенсија.

Пистата не била во функција бидејќи ја удрил гром.

Невремето вчера го погоди источниот брег на покраината, придружено со силен ветер и врнежи од дожд, кои утрово станаа уште пообилни. Невремето го попречи и железничкиот сообраќај во Валенсија.

Можете да прочитате

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство