Утрински Весник
Свет

(Видео) Силна експлозија во центарот на Кабул, има мртви

(Видео) Силна експлозија во центарот на Кабул, има мртви

Вооружени напаѓачи отворија оган денеска во зграда во центарот на Кабул каде што престојуваа странци, изјавија два талибански извори за „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Жителите на населбата Шар-е-Нав во центарот на Кабул изјавија дека пукањето во областа се случило по силна експлозија.

Жителите на таа населба изјавија дека нападот бил извршен во хотел во кој вообичаено престојуваат Кинези и други странци.

Според медиумите, најмалку тројца напаѓачи се убиени, а во самиот напад не е убиен ниту еден странец.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи не одговори на барањето за коментар на британската агенција.

Можете да прочитате

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата

(Видео) Русија фрли бомба од три тона врз украински град

Американските сили извршија нови напади врз воени цели во Иран