Утрински Весник
Свет

(Видео) Силна експлозија на пристаниште во Турција, најмалку 12 повредени

(Видео) Силна експлозија на пристаниште во Турција, најмалку 12 повредени

Најмалку 12 лица се повредени во експлозија на пристаниште во северозападна Турција, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случила во складиште за жито во пристаништето Деринџе на северниот брег на Измитскиот залив.

Прелиминарната истрага покажа дека експлозијата била предизвикана од компресија при префрлање на жито од брод во силос, изјави Седар Јавуз, гувернер на провинцијата Коџаели.

Експлозијата се уште е под истрага, додаде тој.

Градоначалникот на Коџаели, Тахир Бујукакин изјави дека тројца од повредените се пренесени во болница и се во тешка состојба.

Министерството за транспорт соопшти дека не е погоден ниту еден брод.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Путин – Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток

Сирија и Ирак запленија 2,5 милиони таблети Каптагон

Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот