Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шкријељ: Над 860 социјални стана во целата држава, грижата за сите продолжува

(Видео) Шкријељ: Над 860 социјални стана во целата држава, грижата за сите продолжува
Dik 300x250 mk

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за подобрување на квалитетот на животот на ранливите, изјави на прес-конференција пратеничката Санела Шкријељ.

dobivaj vesti na viber

Таа рече дека со конкретни мерки и политики на стотици ранливи семејства државата им помага да решат еден од најголемите животни предизвици – обезбедување дом.

„Изминативе години се изградени или се во фаза на градење над 860 социјални стана во целата држава. Во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, но и на други места. Изградбата на социјални станови продолжува и во периодот што следува во Велес, Неготино, Бутел, Дебар и во Кочани. Ваквите политики, кои ги креираме и што ги спроведуваме, не дозволуваат да постои огромен јаз меѓу можностите и потребите на голем број домаќинства во нашата држава и значат обезбедување домување на сите оние на кои тоа им е потребно, а не се во можност“, вели Шкријељ.

Додава дека СДСМ годинава со конкретни мерки ќе ги заштити ранливите групи граѓани исто како и лани за време на најголемата енергетска и економска криза. Само буџетот на Министерството за труд и социјална политика за развој на социјални услуги годинава е зголемен за 5,5 милиони евра.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“