Утрински Весник
Свет

(Видео) Шефот на „Вагнер“: Повеќе од 80 проценти од Бахмут сега е под наша контрола

(Видео) Шефот на „Вагнер“: Повеќе од 80 проценти од Бахмут сега е под наша контрола

Лидерот на руската група „Вагнер“, Евгениј Пригожин денес преку видео објави дека неговите сили контролираат повеќе од 80 отсто од источниот украински град Бахмут.

dobivaj vesti na viber

„Вагнер“ ги предводат повеќемесечните напори на Москва да го заземе Бахмут, кој се претвори во една од најкрвавите битки во 13-месечната инвазија на Украина.

Во видеото објавено од руски воен блогер на Телеграм, Пригожин покажува на мапата на областа како неговите сили продолжуваат да го опкружуваат сега целосно уништениот град, во кој пред војната живееле околу 70.000 луѓе.

„Поголемиот дел на Бахмут, повеќе од 80 отсто, сега е под наша контрола, вклучувајќи го целиот административен центар, фабриките, магацините, градската администрација“, рече Пригожин.

Со црвен маркер тој означи релативно мал, главно станбен дел од градот кој руските сили допрва треба да го освојат.

Британското Министерство за одбрана објави дека руските сили го зазеле западниот брег на реката Бахмутка, заканувајќи се на клучната украинска рута за снабдување.

Водачот на руската област Доњецк, Денис Пушилин, за време на посетата на Бахмут во понеделникот изјави дека руските сили контролираат 75 отсто од градот.

Русија верува дека заземањето на Бахмут ќе и овозможи да започне нови офанзиви низ Украина, додека Киев и западните власти веруваат дека градот има само симболично значење.

Можете да прочитате

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници