Утрински Весник
Свет

Тинејџер од Британија доби доживотен затвор поради убиство на 16-годишно момче, во полицијата го пријавила неговата мајка

Тинејџер од Британија доби доживотен затвор поради убиство на 16-годишно момче, во полицијата го пријавила неговата мајка

Деветнасетгодишно момче е осудено на доживотен затвор за убиство, откако неговата мајка на полицијата и рекла дека избол малолетник до смрт.

dobivaj vesti na viber

Џошуа Делбоно го убил 16-годишниот Чарли Бејтс за време на тепачка меѓу две групи во Редсток, Сомерсет.

Поротата го прогласи за виновен по двонеделното судење.

Делбоно призна дека го избол Бејтс, но го негираше убиството, тврдејќи дека бранел пријател, пишува Би-Би-Си.

Судот слушна дека кога мајката на Делбон повикала полиција, таа рекла: „Мојот син уби некого. Сега е во мојата куќа, не можам да го пуштам никаде“.

Бејтс почина откако беше избоден со нож на паркинг во близина на градската библиотека. Тој бил со група од шест пријатели таа вечер кога два автомобили, едниот управуван од Делбоно, влегле на паркингот.

Имало историја на лоши односи меѓу жртвата и еден од групата на Делбон. Размената на навреди меѓу Чарли и пријателот на обвинетиот брзо прераснале во тепачка меѓу групите.

Неколку секунди подоцна обвинетиот излегол од своето возило со нож и ја избол жртвата неколку пати, слушна поротата.

Додека Чарли крварел до смрт, Делбоно викал „не се плеткај повеќе со нас“ и потоа со неговите пријатели го напуштиле местото на настанот, изјавија очевидци.

Целиот инцидент траел помалку од пет минути. По убиството, Делбоно возел до езерото Ширвотер во близина на Варминстер во Вилтшир каде го фрлил ножот и запалил дел од неговата облека.

Еден од групата на Делбон го снимил на неговиот телефон.

Можете да прочитате

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот