Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на Мицкоски

65008.png

СДСМ објави видео за кое тврди дека прикажува експлозија на бомба во дворот на М.Б., лице вработено во Министерството за внатрешни работи, за кое опозициската партија наведува дека е поврзано со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.

Од СДСМ јавно поставија повеќе прашања околу случајот и побараа одговор зошто, според нив, информациите за настанот досега не биле соопштени во јавноста.

„Зошто се крие од јавноста? Која е позадината?“, прашуваат од СДСМ во објавата со која го споделија видеото.

Партијата засега не соопштува повеќе детали за околностите под кои наводно се случила експлозијата, ниту за евентуалните последици од инцидентот.

Од СДСМ најавија дека утре ќе објават дополнителни информации за случајот, за кои тврдат дека им биле доставени од свиркачи.

Засега јавно изнесените тврдења се на СДСМ и потребна е официјална потврда од надлежните институции за околностите на настанот, како и за тоа дали и каква постапка е преземена.

Можете да прочитате

Обид за убиство во Милетино

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

Двајца малолетници со закана со нож ограбиле друг малолетник