Утрински Весник
Свет

(Видео) Саудискиот принц го пречека сирискиот претседател: „Каков срам! Со прегратки и бакнежи го пречека криминалецот Асад“

(Видео) Саудискиот принц го пречека сирискиот претседател: „Каков срам! Со прегратки и бакнежи го пречека криминалецот Асад“

Саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман го пречека со прегратка сирискиот претседател Башар ал Асад на самитот на Арапската лига во саудискиот град Џеда.

dobivaj vesti na viber

Тој изрази и надеж дека враќањето на Сирија во Арапската лига ќе стави крај на кризата во таа земја.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Арапската лига на почетокот на мај донесоа одлука за враќање на Сирија во членство во таа организација, по повеќе од 10 години суспензија.

Одлуката, која беше усвоена како резултат на регионалните напори за нормализирање на односите со сирискиот претседател Башар ал Асад, беше донесена на министерски состанок зад затворени врати во седиштето на Арапската лига во Каиро.

Членството на Сирија во Арапската лига беше суспендирано во 2011 година по задушувањето на протестите против Асад што доведоа до разорна граѓанска војна. Многу арапски земји потоа ги повлекоа своите дипломатски претставници од Дамаск.

Бин Салман изрази подготвеност да посредува меѓу Русија и Украина.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран