Утрински Весник
Македонија

(Видео) Русите тврдат дека уништиле тенкови од Македонија и Словенија

(Видео) Русите тврдат дека уништиле тенкови од Македонија и Словенија

Руската армија уништила баталјон од украински војници кој бил опремен со македонски и словенечки тенкови.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата РИА Новости на социјалните мрежи објави видео од запалени тенкови кои, како што тврди, пристигнале во украинската армија од Северна Македонија и Словенија заедно со тенковите Т-72 на НАТО.

На снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извидувачки возила БРДМ, исто така запалени.


Словенија и подари на Украина 28 борбени тенкови од советско производство, а за возврат доби воена опрема од Германија, вклучително и 40 камиони.

„Словенија и Германија на овој начин ја поддржуваат Украина“, изјави тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. Во исто време, Македонија и донираше тенкови на Украина на крајот на јули, иако не беше прецизирано за колкав број станува збор.

Сепак, медиумите тогаш објавија дека се работи за тенкови од трета генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.

Можете да прочитате

Одобрено обвинението за Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за скоро 36 милиони евра

Власта се пофали дека реализирала 950 нови вработувања во здравството

Пожар во близина на Струга, тројца пожарникари завршиле во болница