Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ременски за ограничувањето на медиумите: Сите политичари треба да ја почитуваат новинарската професија

(Видео) Ременски за ограничувањето на медиумите: Сите политичари треба да ја почитуваат новинарската професија

Професорката Фросина Ременски која беше потпретседателка на СДСМ, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

dobivaj vesti na viber

Таа смета дека ограничувањето на новинарите да известуваат од настанот, како и ограничувањето на нивното движење не е оправдано. Посочи и дека Гоце Делчев треба да се чествува на цивилизиран начин.

„Безбедносните проценки на институциите го кажуваат моментот дали требало вака тензично да се празнува. Факт е дека Гоце Делчев е цивилизациска вредност. Тоа е повеќе од Македонија. И фактот што моштите му почиваат во слободна и независна Македонија, зборува дека тој наш револуционер може да го чествуваат сите. Неговиот порив и борба за слобода и независна Македонија укажува дека може да послужи за пример на новите генерации кои треба да бранат вредности. И бугарскиот и македонскиот народ, но пред се македонскиот народ треба да биде отворен за прифаќње на слободумните и мирољубувите луѓе кои сакаат да ги чествуваат вредностите кои ги негуваше Делчев“, вели Ременски.

Прашана дали смее да се дозволи ограничување на движењето на медиумите, а со тоа и правото на известување, Ременски даде коментар.

„Слободата на медиумите и правото на независно инфомирање е неприкосновено за професијата новинар и медиумите. Во контекст на тоа, сите политичари без разлика од која партија, кога новинарите инсистираат на одговори треба да ја почитуваат новинарската професија и да овозможат независно информирање и пристап до сите настани од јавен карактер. Ова денешно чествување е од висок јавен карактер. И верувам дека колку подобро е медиумски покриено, толку подобро ќе за јавноста да ги разбере пораките дека тука навистина може достоинствено да се оддаде почит. Новинарите ја имаат клучната улога“, додава Ременски.

Претходно, службеници од Владата се расправаа со новинари.

Можете да прочитате

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври”