Утрински Весник
Свет

(Видео) Протестите во Франција не стивнуваат, демонстрантите бараат оставка од Макрон

(Видео) Протестите во Франција не стивнуваат, демонстрантите бараат оставка од Макрон

Протестите против неодамна усвоената пензиска реформа продолжија во понеделникот во неколку француски градови, откако француската влада изгласа недоверба на парламентот.

dobivaj vesti na viber

Дел од демонстрантите повторно се судрија со полицијата, при што беа уапсени 243 лица.

Во Париз, демонстрантите запалија корпи за отпадоци и носеа плакати со пароли „И ние ќе преземеме насилни акции“ „Макрон да поднесе оставка“.

Повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Повредени се 11 полицајци, а полицијата уапсила 243 демонстранти.

Во меѓувреме, политичарите од десницата и левицата ја повикаа премиерката Елизабет Борн да поднесе оставка, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Францускиот претседател Емануел Макрон во среда ќе одговори на протестите против пензиските реформи. Како што соопштија од неговиот кабинет, тој во 13 часот ќе одговара на прашањата на новинарите од телевизиите TF1 и France 2, пренесува француската новинска агенција АФП.

Во Франција веќе неколку недели се протестира против реформата, која според владата е неопходна за постоење на францускиот пензиски фонд.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници