Утрински Весник
Македонија

(Видео) Приватните автобуски превозници згрозени од однесувањето на градоначалничката Арсовска

(Видео) Приватните автобуски превозници згрозени од однесувањето на градоначалничката Арсовска

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје се згрозени од однесувањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која ги обвини дека продавале билети и притоа не ја пријавувале заработката.

dobivaj vesti na viber

Собрани на протест пред дирекцијата на ЈСП во Автокоманда, тие ги паркираа автобусите на улицата во близина на гаражата и побараа средба со директорот на претпријатието за да им каже зошто не им плаќаат по договорот и зошто дозволил да се акумулира долгот кој за неколку дена ќе изнесува околу два милиони евра.

– Градоначалничката Данела Арсовска изнесе тешки невистини и лаги. Не можеме да веруваме дека еден носител на така висока функција, градоначалник на Град Скопје може да се осмели и да се дозволи такви лаги да изнесе и да ја манипулира јавност. Нè обвинуваат за продавање билети и за нефискализација. Сите знаеме дека фискалните апарати кои се монтирани кај нас и во автобусите на ЈСП беа монтирани тука во ЈСП и се нефункционални.

Дистрибуцијата на билетите е исклучива одговорност на ЈСП, кое ги продава и надополнува во нивните пунктови и со сите билети корисниците на нашите услуги се валидираат кај нас. Немам зборови да искажам колку сме згрозени од Данела Арсовска. Јавно изјавувам, срам да и е! – изјави за „А1он“, Кемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Превозниците објаснија дека не можеле да ја сокријат продажбата на билети, а бидејќи работат на фактура, Арсовска може да се информира од неколку места каде што се води детална евиденција.

– Тука ги бараме нашите средства зошто не ни се даваат, како може за нив да има, за нас да нема. Ако ние сме продавале билети, од каде сме ги набавиле истите. Опремата што ја имаме во нашите автобуси не дозволува ние да го надополниме кредитот на патниците.
Целата евиденција, за голема среќа, може да се види во одделението за мониторинг во Град Скопје, контролниот центар во ЈСП и диспечерските служби на превозниците. Нашето плаќање е фактурно и точно може да се провери како и колку сме биле исплатени – рекоа превозниците за „А1он“.

Автобусите на „Слобода превоз“ петти ден не сообраќаат, додека „Макекспрес“ подолго време е надвор од јавниот сообраќај и нема договор со ЈСП.

Претставници на приватните превозници денеска ќе имаат средба со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје.

Орце Костов

Можете да прочитате

Приведени двајца скопјани осомничени за кражба на сеф од маркет во Црниче

Мицкоски повикува на национално единство откако претходно се испокара со пола коалициски партнери

Петровска: Нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија