Утрински Весник
Свет

(Видео) „Претседател на насилството и лицемерието“ – демонстрантите го прекинаа говорот на Макрон во Хаг

(Видео) „Претседател на насилството и лицемерието“  – демонстрантите го прекинаа говорот на Макрон во Хаг

Холандските демонстранти денеска го прекинаа говорот на францускиот премиер Емануел Макрон во институтот Нексус во Хаг, по што тој рече дека оние кои не го почитуваат изборниот процес и избраните лидери ја ставаат на ризик демократијата.

dobivaj vesti na viber

Макрон требаше да одржи говор за европскиот суверенитет на почетокот на државната посета на Холандија, по неколкунеделните протести низ Франција против пензиските реформи, пренесува Ројтерс.

„Каде е француската демократија? „Кога ја изгубивме?“, извика еден од демонстрантите, додека друг покажа транспарент на кој пишуваше „Претседател на насилството и лицемерието“.

Агенцијата јавува дека Макрон неколку минути се обидувал да ги надгласа демонстрантите кои викале.

Тој рече дека социјалната дебата е „многу важна“, но дека конференцијата не е место за протести.

 

Можете да прочитате

Европските новинари сè повеќе користат алатки за генеративна вештачка интелигенција

Се укинуваат ли правилата за течности и давачките за багаж во ЕУ? Не така скоро

Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан