Утрински Весник
Македонија

(Видео) Претреси на повеќе локации во Скопје, пронајдени оружје и муниција, приведени четири лица

(Видео) Претреси на повеќе локации во Скопје, пронајдени оружје и муниција, приведени четири лица

На 10.11.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, истовремено се извршени претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“, при што лишени од слобода се четири лица, и тоа И.А.(31), Н.А.(20), А.Р.(27) и Б.Ш.(40), сите од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При претресите извршени кај И.А. во с.Визбегово, Скопско, кај Г.М.(31), кај А.Р. и кај Б.З.(31), тројцата на подрачјето на Чаир, кај Н.А. на подрачјето на Бит-пазар и кај Б.Ш. на подрачјето на Аеродром, биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со 14 куршуми, пиштол „Астра“ калибар 6,35 мм и рамка со 5 куршуми, пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 мм и 2 рамки со 32 куршуми, пиштол „глок“ калибар 9 мм и рамка со 17 куршуми, дрон со мемориска картичка и контролор за летање и други предмети поврзани со кривични дела, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ-Талевска.

Четирите лица се приведени во полициска станица, а за Г.Б. и Б.З. е пуштен централен распис. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следуваат поднесоци.

Можете да прочитате

Поднесено обвинение против шест лица за измами со брзи кредити

Тетовец со 2,49 промили алкохол и нож сакал да ограби казино

Обвинителство за „Тотал“: Предметниот јавен обвинител морал да изврши преквалификација поради наодот од супервештачењето, а со тоа настапи и апсолутна застареност