Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Големиот пожар, кој ја зафати зградата висока 218 метри, во која се наоѓаат канцелариите на „Чајна телеком“ во градот Чангша на југот на Кина, се прошири на неколку десетици ката.

dobivaj vesti na viber

Засега нема пријавени жртви.

„Голем чад излегува од зградата, а неколку десетици горат“, објави CCTV додавајќи дека пожарникарите почнале да го гаснат оганот и да спроведуваат спасувачки операции.

Според локалната противпожарна служба, на терен се ангажирани 36 противпожарни возила и 280 пожарникари.

Прелиминарните податоци покажуваат дека се запалил надворешниот ѕид на зградата. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како пламен излегува од зградата и огромни облаци чад се издигаат кон небото.

Засега не се знае точната причина за пожарот.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро