Утрински Весник
Свет

Моди му порача на Путин: Сега не е време за војна

Индискиот премиер Нарендра Моди му порача денеска на рускиот претседател Владимир Путин дека сега не е време за војна, бидејќи недостигот на храна, ѓубрива и гориво е еден од главните проблеми во светот.

dobivaj vesti na viber

– Знам само дека денешната ера не е ера на војна и за тоа разговарав со вас по телефон – му рекол Моди на Путин на маргините на самитот во Узбекистан, додавајќи дека демократијата, дипломатијата и дијалогот го држат светот заедно, објави Ројтерс.

Путин одговори дека ја разбира загриженоста на Моди за војната во Украина.

– Го знам вашиот став во однос на конфликтот во Украина и ја знам вашата загриженост. Сакаме се да заврши што е можно поскоро – одговори Путин.

Путин изјави и дека трговијата меѓу двете земји се зголемува, благодарение на дополнителните испораки на руско ѓубриво на индискиот пазар, кои се зголемени за осум пати,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор

Земјотрес со магнитуда од 6,1 според Рихтер го погоди индонезискиот остров Суматра

Москва ѝ се закани на Велика Британија