Утрински Весник
Македонија

(Видео) Половина година полицијата не најде време да ги провери уредите одземени поради дојавите за бомби во училиштата

(Видео) Половина година полицијата не најде време да ги провери уредите одземени поради дојавите за бомби во училиштата

И по половина година, МВР се уште ги нема извештачено компјутерот и телефонот на Никола Николовски-Боемот, за кои се сомневаше дека преку нив се испраќани дојави за бомби. Тие беа одземени во месец ноември, кога Николовски беше уапсен. „Макфакс“ праша колку време треба за да се проверат податоците во уредите, но не доби одговор. Додека Николовски ги чека уредите, обвинителката Катерина Коларевиќ го чека извештајот.

dobivaj vesti na viber

„Вештачењето на електронските уреди за кои покажувате интерес не е завршено на еден од уредите, што е причината што истите не се вратени на сопственикот и што не е завршена постапката“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Макфакс“.

По добивањето на извештајот од МВР, обвинителката Коларевиќ ќе треба да одлучи дали Николовски ќе биде гонет или ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за запирање на постапка. Со тоа, ќе се затвори прашањето дали навистина, како што тврдеше и полицијата, лажните дојави доаѓале од страна Николовски.

Претходно, Никола Николовски-Боемот во интервју за „А1он“ посочи што се случувало за време на неговото апсење.

„Уредите ми ги проверија на лице место, а потоа и ми ги одзедоа. До ден денеска, кога ја снимаме емисијата, мојот телефон и лаптоп се кај нив. Јас имам уште неколку испити додека го завршам факултетот, а во тој лаптоп имам готови проекти кои ми требаат за професори, за да завршам со тоа поглавје од животот. Ги замолив уште истата вечер: ‘Ве молам проверете го лаптопот и вратете ми го бидејќи имам важни работи за на факултет’. Првично ми рекоа иако треба повеќе време, во мојот случај ќе го стават како приоритетен и дека за седум дена, максимум неколку недели ќе ги вратат уредите. Поминаа околу месец и 7-8 дена и немам никаков повик“, кажа Николовски за „А1он“.

Освен уредите на Николовски, одземени се и на други лица за кои МВР поднесе кривични пријави врз основа на признание на вина.

Можете да прочитате

Под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ в понеделник приватните специјализанти ќе излезат пред ресорното министерство

Филипче: Нашата понуда е јасна и искрена, понудата на ВМРО-ДПМНЕ е дестабилизација и застој

Јакимовски го праша Мицкоски: Зошто молчиш на уцените од ДУИ?