Утрински Весник
Свет

(Видео) Полицијата во Сплит од своите возила им довикува на туристите да облечат маици: „Казни до 300 евра“

(Видео) Полицијата во Сплит од своите возила им довикува на туристите да облечат маици: „Казни до 300 евра“
Dik 300x250 mk

Последните денови Сплит е во центарот на вниманието поради недоличното однесување на некои туристи, а од денеска таму се одржува и музичкиот фестивал „Ултра Европа“, кој трае до недела. Поради сето ова, градот Сплит постави табли на кои посетителите на фестивалот се информираат како треба да се однесуваат.

dobivaj vesti na viber

На таблата е забележано дека е забрането консумирање алкохол во јавност, дека во бикини и без кошула може да се биде само на плажа, дека треба да внимаваат да не бидат премногу гласни и да користат тоалет, а не градските ѕидини. Посетителите се предупредуваат и на казни до 300 евра.

@mx_vip_travel #split #croatia🇭🇷 #pageforyou #foryoupage #funpag #balkan #summer #yourpage ♬ original sound – Mx

И покрај се, на социјалните мрежи се појави видео на кое полицијата од автомобил гласно им кажува на голите туристи кои шетаат низ улиците да ги облечат кошулите. На видеото пишува дека е снимено во четири часот наутро, пренесува 24сата.хр.

„Таков е законот во сите држави. Нека се обидат да шетаат полуголи во својата земја“, е еден од коментарите.

Можете да прочитате

Независната кандидатка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

Германската министерка Рајхе се криела во бункер за време на руските напади врз Киев

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела