Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски: Судски совет се избрука, не само холандска туку и други амбасади треба да ги повлечат парите и проектите

(Видео) Пендаровски: Судски совет се избрука, не само холандска туку и други амбасади треба да ги повлечат парите и проектите
300x250 (7)

Холандскиот амбасадор изјави дека сускиот совет е нелигитимно тело и тоа што стави во мирување цел еден проект од холандија како гледате на ова и дали размислувате да ги повикате членовите кои ги предложивте да поднесат оставка од морални причини.

dobivaj vesti na viber

Коректна е одлуката на холандскиот амбасадор да го стави во мирување проектот планиран за реализација со Судскиот совет по сите случувања таму, смета претседателот Стево Пендаровски. Очекува неговата постапка да ја следат и другите амбасадори и не смета дека се проблем членовите што тој ги предложил.

Ss1

„Мислам дека проблемот со судскиот совет е многу поголем отколку тие двајца кои по мој предлог ги избра Собранието. Јас тука бев предлагач. За жал целата постава на овој Судски совет прилично се избрука во очите на македонската јавност. Во таа насока мислам дека е сосема коректна изјавата на холандскиот амбасадор да повлечат проект кој имаа намера да го спроведуваат со членовите на Судскиот совет. Би сакал да видам не само од холандската амбасада туку и од неколку други амбасади во Скопје да ги повлечат своите проекти и парите кои ги даваат, не само на Судскиот совет туку и на невладини организации и медиуми кои очигледно сите овие години наназад работат со европски пари а против Европа“, рече претседателот Пендаровски.

 

Холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, во интервју за РСЕ кажа дека поради последните случувања со разрешувања и назначувања во Судскиот совет, тој ќе го стави во мирување проектот планиран со оваа институција, вреден милион евра за зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста. Амбасадорот за преседан ги смета последните случувања во Судскиот совет.

стави во мирување проект за Судскиот совет поради последните случувања. Станува збор за проект во вредност од милион евра за зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот Совет.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула