Утрински Весник
Спорт

(Видео) Ѓоковиќ „му ја спушти слушалката“ на Шелтон по победата на мечот

(Видео) Ѓоковиќ „му ја спушти слушалката“ на Шелтон по победата на мечот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ влезе во своето десетто финале на УС Опен и не му остана должен на Бен Шелтон на крајот од мечот.

dobivaj vesti na viber

Во ретките моменти, кога имаше „простор за дишење“, како крајот на третиот сет, Шелтон се радуваше и гестикулираше. Уште порано покажа дека слави победи ставајќи ја раката на уво и глумејќи дека е на телефон.

Бидејќи на мечот со Ѓоковиќ имаше свои иритирачки моменти, српскиот тенисер на крајот му возврати со гестикулација како да ја спушта слушалката.

Бен викна на својот шеснаесетник, рече: „ова е мојата куќа“ и на крајот излезе како губитник од финалето.

Како и да е, одговорот на Ѓоковиќ на провокативниот гест на Шелтон не му се допадна на Американецот, па следеше студено ракување, додека оваа сцена почна вирално да се споделува на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ го елиминира Американецот со 6:3, 6:2 и 7:6 (4) на тензичниот натпревар.

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград