Утрински Весник
Свет

(Видео) Обилни дождови во Турција ги поплавија шаторите во кои живеат жртви од земјотресот

(Видео) Обилни дождови во Турција ги поплавија шаторите во кои живеат жртви од земјотресот
Dik 300x250 mk

Обилни врнежи во југоисточна Турција им предизвикуваат проблеми на жртвите што останаа без своите домови во регионот погоден од земјотресот. Во Искендерун, во провинцијата Хатај, дождот ги поплави шаторите, објави новинската агенција ДХА.

dobivaj vesti na viber

На снимките се гледаат бари и кал околу шаторот.

Опозицискиот политичар Канан Кафтанчиоглу на „Твитер“ сподели видео на кое се гледа жена како плаче и се обидува да извади вода од шаторот.

Кафтанчиоглу рече дека луѓето сè уште не биле сместени на безбедно, како што беше ветено, повеќе од еден месец по земјотресот.

Во земјотресот на турско-сириската граница пред пет недели, само во Турција загинаа повеќе од 48.000 луѓе. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата и живеат во шатори.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган исто така вети дека ќе ги обнови куќите во регионот погоден од земјотресот во рок од една година. Во Турција во моментот има изборна кампања, граѓаните на 14 мај ќе избираат нов парламент и нов претседател.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи