Утрински Весник
Македонија

Десет години малолетнички затвор за 17-годишната девојка што уби момче и го турна во реката Пена

Во реката Пена пронајдено тело на 16-годишно момче

На 10 години малолетнички затвор е осудена 17-годишната девојка за убиството на 16-годишниот Б.Х., чиешто тело беше пронајдено во реката Пена на крајот на минатата година.

dobivaj vesti na viber

Пресудата ја соопшти тетовскиот суд, од каде претходно не беа споделувани детали за јавната расправа бидејќи се работи за малолетници.

На 21 декември, по вербална расправија во автомобил, девојката со предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена.

Телото на момчето беше пронајдено починато по течението на реката по 7-часовна потрага.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ