Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавена снимка од местото каде што беше ликвидиран бугарскиот бизнисмен додека тројца телохранители биле со него

(Видео) Објавена снимка од местото каде што беше ликвидиран бугарскиот бизнисмен додека тројца телохранители биле со него

Познатиот бугарски бизнисмен, политичар и поранешен припадник на Државната безбедност, Алексеј Петров беше убиен денеска во Софија.

dobivaj vesti na viber

Тој бил застрелан во софиската населба „Драгеловци“ каде го пронашле припадници на МВР, а на местото на настанот имало и жена која во тешка состојба и е пренесена во болница.

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Петров бил придружуван од тројца телохранители, а тој се движел по вообичаената рута, пренесува бугарскиот весник „Дневник“.

Објавена е снимка од местото на убиството.

Полицијата го блокираше крајот

Како што пренесуваат медиумите, целата област била блокирана од полициските сили.

Жената која била донесена во болница по убиството на Алексеј Петров има рана во пределот на градниот кош, изјави за медиумите директорот на болницата, Валентин Димитров.

Тој не одговори на прашањето дали е изваден куршум од телото на жената и додаде дека на жената ќе и биде извршена итна операција.

„Моментално е во операциона сала. Во овој случај се ангажирани две екипи. Во таква ситуација постои опасност. Ние не сме Бог. Го правиме тоа што треба“, објасни тој.

Кој беше Алексеј Петров?

Петров беше припадник на Специјалната единица за борба против тероризмот, по што влезе во светот на бизнисот.

На пошироката јавност и е познат како сопственик на осигурителни компании и основач на осигурителната компанија „Аполо и Болкан“ во 90-тите години на минатиот век, јавува „Радио Бугарија“.

Против него беше покренато обвинение за предметот против криминалната група „Октопод“ која се занимаваше со рекет и изнуда, но подоцна беше ослободен од сите обвиненија.

Алексеј Петров бил и советник на претседателот на Државната агенција за национална безбедност во 2008 и 2009 година, а извесно време предавал и на Универзитетот за национална и светска економија во Софија.

Тој се кандидираше за претседател во 2011 година, но на изборите освои нешто помалку од еден процент од гласовите.

Веќе преживеа два обиди за атентат, во август 2002 година и во 2015 година, кога врз него беше фрлена експлозивна направа.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата