Утрински Весник
Економија

(Видео) Николовски: Во првите 40 дена од годината произведени 40 отсто повеќе струја од домашни извори, енергетскиот систем е стабилен

(Видео) Николовски: Во првите 40 дена од годината произведени 40 отсто повеќе струја од домашни извори, енергетскиот систем е стабилен

Владата и институциите предводени од СДСМ, покажаа дека енергетскиот систем е стабилен, сигурен и доверлив. И во време на светска енергетска криза, домашниот енергетски сектор работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво, кажа на денешната прес-конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Пред само два дена, рече тој, АД ЕСМ, државната компанија во сопственост на сите граѓани произведе најголемо дневно производство електрична енергија во последните 10 години.

Според Николовски, ако се анализира стартот на годинава, истата компанија на почетокот на оваа година произведе 40% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021 година.

Бројките, оцени тој, се прецизни, исто како фактор дека цената е стабилна. Нема рестрикции, апокалиптичните наддавања за поскапување можам слободно да кажам математички прецизно – не се оставрија.

Според него, ова е најголем доказ дека енергетскиот систем ги задоволува сите потреби за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

„Покрај постоечкиот се инвестира и во нови извори на електрична енергија. За само една година, во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори. Тоа е многу повеќе отколку во 11те години владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Ефикасноста на институциите предводени од СДСМ ги демантираа сите црни сценарија на Христијан Мицкоски“, вели Николовски.

Не само што нема рестрикции, истакнува Николовски, како што тој ги плашеше граѓаните, туку има рекордно производство на електрична енергија.

„Дополнително се обезбедени 80 милиони евра, европска помош, како поддршка за ублажување на социо-економското влијание на енергетската криза. Како резултат на взаемната соработка се очекува забрзана енергетска транзиција кон одржлива климатски неутрална економија и енергетска сигурност. На дело покажуваме како се работи на полето енергетика и во локалната самоуправа, Општина Центар формира сопствено Јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Целта е да биде првата енергетски независна општина“, подвлече тој.

Граѓаните, како што оцени се изморени од политизација, сакаат резултати.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија