Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николоски: Со случајот на Онишченко нарушена е безбедноста на Македонија и загрозен е меѓународниот имиџ

(Видео) Николоски: Со случајот на Онишченко нарушена е безбедноста на Македонија и загрозен е меѓународниот имиџ

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека треба да има три нивоа на одговорност за случајот со Онишченко.

dobivaj vesti na viber

При тоа потенцираше дека тие три нова се кај директорот на АНБ, министерот за внатрешни работи и кај премиерот кои дозволија ваков скандал и ги нарушија безбедноста на Македонија и меѓународниот имиџ.

„Првото ниво е на директор на Агенција за национална безбедност, кој што веднаш треба да си поднесе оставка и воопшто не треба да помислува да оди за амбасадор во Париз, затоа што еден ваков скандал, покрај неговиот личен имиџ, го руши и имиџот на Македонија“, потенцира Николоски.

Додаде дека второто ниво на одговорност е кај министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски бидејќи токму министерството за внатрешни работи е задолжено за правилно земање на податоци за издавање на лични документи од типот на лична карта и пасош.

„Така што, постои сериозна одговорност кај министерот за внатрешни работи, а да не заборавиме дека тој е човекот кој стои позади аферата со познати 215 македонски пасоши за криминалци, а веројатно се многу повеќе. Гледаме дека со македонски пасоши се испоубија и по Истанбул, Киев и по останати европски метрополи бандитите од целиот регион. Гледаме дека светски мафии од типот на италијанската користат македонски пасоши да ги прикријат сопствените дејствувања, така што тоа е второто ниво на одговорност“, вели тој.

Николоски нагласи дека третото ниво на одговорност е премиерот, затоа што ова е скандал кој укажува на две работи, прво дека се руши имиџот на Македонија, второ дека безбедносните служби воопшто не функционираат.

„Јас стојам позади тоа што го кажав, а тоа е дека основна причина зошто овој пропуст се случи е неспособноста и корупцијата. Безбедносните служби се полни со луѓе кои се неспособни, луѓе кои се длабоко корумпирани. Наместо да се занимаваат со заштита на уставноправниот поредок на Македонија се занимаваат со криминал, со уценување на бизнисмени и со следење на опозицијата. Затоа ги донесоа безбедносните служби да бидат на потсмев но исто така и да ја загрозат безбедноста на Македонија и меѓународниот имиџ“, изјави Николоски.

Можете да прочитате

Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари