Утрински Весник
Свет

(Видео) Напаѓачи отворија оган врз толпа во Филаделфија, најмалку 9 ранети

(Видео) Напаѓачи отворија оган врз толпа во Филаделфија, најмалку 9 ранети

Најмалку девет лица се повредени во Филаделфија, од кои пет критично, откако повеќе напаѓачи отворија оган врз толпата, јавува „NBC Philadelphia“.

dobivaj vesti na viber

Пукањето се случило синоќа околу 22:45 часот по локално време, кога неколку луѓе излегле од црн автомобил и отвориле оган врз толпата собрана на тротоарот пред барот во Кенсингтон, населба во Северна Филаделфија, додаваат тие.

Напаѓачите, за кои полицијата вели дека можеби биле тројца или четворица, потоа избегале од местото со истиот автомобил. На местото на настанот има најмалку 40 куршуми.

Можете да прочитате

Трамп во Анкара скришно во кетеринг-возило бил префрлен во друг авион поради иранска закана за атентат

Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

Нов украински напад со дроновои врз Москва