Утрински Весник
Свет

(Видео) Млад пар во Иран осуден на 21 година затвор затоа што танцувале на улица

(Видео) Млад пар во Иран осуден на 21 година затвор затоа што танцувале на улица
Ss2

Судот во Иран осуди млад човек и неговата девојка на 10 и пол години затвор откога објавија видео на социјалните мрежи како танцуваат во близина на плоштадот Азади во Техеран, објави вчера новинската агенција за човекови права.

dobivaj vesti na viber

Двојката, која беше уапсена на 1 ноември минатата година во нивниот дом по објавувањето на видеото, е осудена и на двегодишна забрана за користење интернет и напуштање на земјата, пишува „Ал Арабија“.

Ss1

Астијаж Хагиги и Амир-Мохамед Ахмади се обвинети за „ширење корупција“, „собирање и договарање со намера да ја поткопаат националната безбедност“ и ангажирање во антирежимска пропаганда.

Пресудата ја донесе Револуционерниот суд во Техеран на чело со Аболкасем Салавати, судија познат по тоа што изрекува строги казни за поединци што се сметаат за закана за Исламската Република, пренесува медиумот.

Активистите на агенцијата објавија дека на парот му било одбиено правното застапување во текот на судската постапка повикувајќи се на извор близок до семејството на Хагиги. Иранските власти не го коментираа случајот, а пресудата, според написите, дојде во време кога властите се обидуваат да ги задушат повеќемесечните протести против режимот, кои почнаа по смртта на Махса Амини на 16 септември.

Амини (22) почина набргу по апсењето од полицијата за морал во Техеран поради наводно непочитување на строгите правила на режимот за носење хиџаб. Владата се обиде насилно да ги задуши протестите, кои бргу прераснаа во повици за соборување на Исламската Република, што резултира со смрт на стотици и апсење илјадници луѓе.

Ss1

Можете да прочитате

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници

Каталонија поради недостиг на вода гради постројки за преработка на морската вода

Тесла укинува 400 работни места во Германија